Денес на граничниот премин Ќафасан – Ќафтане директорите на Царинските управи на Република Македонија и Република Албанија, Стефан Богоев и Генти Гажели, го потпишаа последниот Протокол за спроведување на Договорот за воспоставување на заеднички граничен премин меѓу двете земји.

Со потпишувањето на Протоколот се завршуваат и последните подготовки за воведување на one-stop-shop на овој граничен премин, со цел спроведување на поефикасни и олеснети гранични формалности, пократко време на чекање на граница, односно поквалитетни услуги за економските оператори и патниците.

Директорот Богоев истакна дека на овој граничен премин се завршени сите потребни инфраструктурни зафати и дека блиската соработка меѓу службите на Царинските управи и граничните полиции на двете земји ќе резултира со забрзување на протокот на стоки и патници и ќе ги подобри резултатите при откривање на нелегални активности на граница, а со тоа ќе се зголеми и безбедноста за граѓаните.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.