На барање на земјоделците од светиниколско, поточно населено место Преод и Сопот сум овде на средба со нив и од она што можам да го заклучам и пренесам е дека и овде како во останатите делови на Република Македонија ситуацијата со земјоделците е повеќе од катастрофална, истакна Цветан Трипуновски, претседател на комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Меѓутоа она што сакам со посебен акцент да го нагласам и она кое што ми го пренесоа земјоделците е дека во овој регион поточно на последниот оглас најголем дел од земјоделското земјиште кое што е распределено, го има добиено лице кое што е блиско до власта, лице кое што нема механизација на свое име, ниту пак заслужува да работи земјиште во Свети Николе а со адреса на живеење во Скопје, изјави Трипуновски.
Се работи за извесно лице Маан Махмалат, којшто преку една фирма добива преку 70 хектари земјиште во атарите на село Сопот и Преод, лице кое што практично го узурпира земјиштето, наместо локалното населениe да го работи и да егзистира.
Трипуновски додаде дека младите во овие две населени места во светиниколско се иселуваат затоа што власта ги игнорира и не им дава земјоделско земјиште за да може да го обработуваат и да ги прехрануваат своите семејства.
Она што исто така сакам од овде да го кажам е дека за вакви случаи кои што следниот период ќе ги обзнаниме пред јавноста е дека со преземањето на власта предводено од ВМРО-ДПМНЕ ќе направиме целосна ревизија на сите договори кои што се случени во Република Македонија за закуп на државно земјоделско земјиште. Секаде каде што има неправилности ќе има раскинување на договорите, меѓутоа и одговорност за Љупчо Николовски и сите оние кои што беа на раководните позиции во министерството, изјави Трипуновски.
Тој додаде дека овие земјоделци заслужуваат да бидат почестени со грутка македонска земја за да можат да егзистираат и да ги одржуваат своите семејства.
ВМРО-ДПМНЕ има визија како во иднина да им помогне на земјоделците, преку продолжување односно зголемување на рокот за обработка на земјоделски површини и преку многу други позитивни мерки и проекти кои што ќе значат останување во државата, а не иселување надвор од неа, додава Трипуновски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.