Трошоците на животот во август годинава, во споредба со претходниот месец, се зголемени за 1.2 %, а цените на мало за 1.3 %. Во однос на август лани, пак, трошоците на жиот бележат раст од 8.3 %, а цените на мало од 5.6 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Пораст на индексите на трошоците на животот во август 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 7.8 %, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 7.0 %, сирењето и урдата за 3.2 %, млекото за 2.6 %, лебот и житата за 1.6 %, месото за 0.9 %, кафето, чајот, какаото за 0.8 %, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0.6 %, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.4 %, пивото за 0.3 % и прехранбените производи неспоменати на друго место за 0.2 %.
Во август, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај течните горива за домаќинствата за 11.4 %, воздухопловниот патнички транспорт за 9.2 %, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 6.7 %, ткаенините за изработка на облека за 3.9 %, туристичките аранжмани за 3.3 %, услугите за одржување и поправки на живеалиштето за 2.9 %, производите за домаќинството – нетрајни за 2.0 %, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање, фризерските салони и центрите за разубавување за 1.8 %, гасот за домаќинствата, медицинските услуги за 1.5 %, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти, информатичката опрема за обработка на податоците за 1.4 %, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за подот за 1.3 %. Кај стоматолошките услуги, домашните миленици и сродните производи, услугите за сместување има раст за 1.0 %, фармацевтските производи, електричните апарати за лична хигиена, накитот, часовниците и рачните часовници за 0.9 %, високото образование за 0.8 %, цврстите горива за домаќинствата за 0.7 %, малите електрични апарати за домаќинствата за 0.6 %, услугите за рекреација и спорт за 0.5 %, мебелот и покуќнината за 0.4 %, другото образование, рестораните, кафулињата и слично за 0.3 %, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, малите алатки и останатите додатоци, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства, одржувањето и поправката на сопствените превозни средства за 0.2 %.
Намалување на индексите на трошоците на животот во август 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај рибата и морските плодови за 0.7 %, маслото и маснотиите за 0.5 %, јајцата, виното за 0.4 %.
Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај другите печатени материјали за 1.5 %, обувките за 0.7 %, игрите, играчките и хобијата, другите апарати и производи за лична хигиена за 0.4 %, градините, растенијата и цвеќињата за 0.3 % и другите медицински производи за 0.2 %.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.