На барање на земјоделците од Тиквешкиот регион претседателот на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ Цветан Трипуновски оствари неколку средби, на кои се разговарало за наводнувањето на раноградинарските, овоштарството и на лозарството во овој регион.
Ги посетивме пумпната станица „Марена“ на која што практично каналите се суви, таа покрива над 1.000 хектари површини кои што треба да ги задоволи со вода за наводнување, меѓутоа заради неспособноста на власта од 6 пумпи кои се во пумпната станица, ниту една не е во функција, а веќе законскиот рок за почеток на полевање, односно 15 април е одамна поминат.
Тоа значи дека лозовите насади, овошните насади на коишто во моментов им е најпотребна вода за наводнување бидејќи го формираат почетокот на родот за оваа година, ќе останат без наводнување, односно значи дека оваа година ќе имаме сериозно намалување и по квалитет и по квантитет на приносот и на грозје и на градинарски, односно овоштарските култури.
Втората локација која ја посетивме од каде што ја даваме оваа изјава е сифонот „Макарија“ кој покрива околу 3.500 хектари површина од овој дел на тиквешкиот регион. Исто така како што гледате од снимките и овој канал е речиси сув, односно нема вода којашто треба да биде достапна до сите земјоделци коишто имаат потреба.
Исто така овој сифон дел од водата која треба да ги снабдува земјоделците се оние кои произведуваат раноградинарски производи, поточно лук кој е доста познат во овој дел на нашата република, но и тие се соочуваат со сериозен недостаток на вода што значи нивната реколта ќе биде сериозно оштетена, констатира Трипуновски по посетата.
Тој упатува критика до властадека сувите канали и недостатокот на вода е само потврда дека македонскиот аграр е клекнат на колена.
АД Водостопанство кое што е најповикано и целата влада за да обезбедат услови во вакви тешки ситуации на светско ниво да обезбедат вода за наводнување, гледаме дека единствено приоритет имаат ископите на песок и сепарациите, а не и примарната намена на АД Водостопанство, а тоа е снабдување со вода на сите земјоделски површини.
Ова е уште еден показател дека власта се занимава со политиканство, а не со сериозни мерки коишто навистина ќе ги помогнат земјоделците во овие тешки денови.
Ова што сега се случува со недостаток на вода за полевање во овој дел на Тиквешијата кој е најпознат по производството на винското грозје, оваа година ќе претрпи сериозни штети и по квалитет и по квантитет, а тоа значи дека оние семејства и земјоделци кои егзистираат од оваа гранка едноставно оваа година ќе бидат до работ на егзистенција заради човечки фактор, а тоа е власта и АД Водостопанство кои не си ги завршуваат своите надлежности и законски активности кои треба да обезбедат сериозна количина на вода за полевање за оваа производна година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.