Несериозниот и задоцнет пристап на власта ќе ја остави Македонија без храна, вели Цветан Трипуновски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на социјалната мрежа Фејсбук.

„Со денешната пресконференција Сдсм уште еднаш покажа дека ниту имаат знаење, план и визија како да го зголемат домашното производство на храна. Она што денес го презентира Сдсм од партиските простории е чист популизам каде се презентираа задоцнети мерки.

Накратко да објаснам зошто се задоцнети и нефункционални, имено со распишувањето на овие над 5 000 хектари за производство на стратешки култури тотално е промашена оваа производна година што значи власта ќе мора да коленичи и моли во соседството за количини пченка, пченица и брашно. Зошто?

Затоа што додека завршат сите процедури и да се потпишат договорите ќе бидат пробиени сите рокови за сеидба на пченка , сончоглед и останатите култури тоа во превод значи од овој оглас жетва ќе има дури идната година.

Ако навистина сакаа да интервенираат со навремени и правилни мерки требаше да не послушаат и уште во јануари да го распишат слободното државно земјиште на оглас за да се фати сеидбениот план навреме“, наведува Трипуновски на ФБ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.