Земјоделците се помеѓу најпогодените од енергетската криза. Високата цена на горивата го зголемува трошокот за производство, a тоа ќе придонесе за намалување на засадените површини и ќе се јави недостаток на домашна храна.
Козметичката мерка која ја донесе владата, а се однесува на намалување на акцизата за 30% не е целосна, затоа што горивата се повторно екстремно високи, што ќе допринесе до намалување на засадените површини со што ќе се јави недостаток на домашна храна, а увозната ќе биде со неколку пати повисоки цени односно ова сериозно дополнително ќе се одрази на семејниот буџет кај сите граѓани во Република Македонија, вњли Цветан Типуновски од МВРО-ДПМНЕ.
Дополнително како резултат на скокот на цената на гасот, додва тој, вештачките ѓубрива на светските берзи се поскапени и до 100%.
Зголемените трошоци во земјоделското производство се само половина од проблемот со кои што се соочува и допрва ќе се соочуваат македонските земјоделци. Имено во голема мера се нарушени пазарите за пласман, бидејќи македонските раноградинарски култури како и овошјето во значајна мера завршуваа во Русија. Ова ќе значи значително помал извоз и нарушување на пазарот.
Од сите овие причини, ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува мерките за помош на земјоделците, кои се поднесени од земјоделските здруженија до владата на Република Македонија и тоа:
1.ЗЕЛЕНА НАФТА – Да важи за сите земјоделски гранки и да биде 100% ослободена од акциза и ДДВ, како и промена на досегашната методологија со нова во која исплатата ќе биде по литар по единица површина.
2.Итно процентуално зголемување на субвенциите во сите земјоделски гранки со процентуалното зголемување на производните трошоците и нивна исплата пред секоја производна сезона.
3.Субвенционирање на вештачките ѓубрива во сите земјоделски гранки и укинување на ДДВ за сите вештачки ѓубрива и хемиски препарати кои што се употребуваат во земјоделското производство.
4.Ослободување од надоместокот за концесија за 2022 година за корисниците на државно земјоделско земјиште, како и ослободување од пашарина, наводнување и одводнување.
5.Субвенционирање на придонесите на сите регистрирани земјоделци во државата.
6.Под ИТНО да се изнајдат алтернативни пазари за пласман на сите земјоделски производи кои што ги произведува нашата државата.
Апелираме владата и владејачкото мнозинство да не калкулираат и да ги поддржат сите овие мерки за доброто и за земјоделците, но и за државата, вели Трипуновски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.