Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска од Свети Николе му порача на Љупчо Николовски реално да гледа на бројките во ребалансот на буџетот.
Ние со ребалансот обезбедуваме дополнителни средства за исплата на заостанати субвенции, оние субвенции кои што тие како тогашна власт требаше да ги исплатат на земјоделците“, истакна министерот.
Трипуновски додаде дека да работеше претходната власт како што требаше немаше економските показатели да бидат толку погубни во делот на земјишната политика, во делот на производство и во делот на намалување на вкупната бројка на земјоделци.
Во делот на Интервентниот фонд, во делот на буџетот на Платежната агенција практично има зголемување. Тоа е реалноста и тие бројки се лесно видливи и проверливи, посочи Трипуновски.
Мислам дека поранешниот министер ја користи позицијата пратеник за да ја искривува вистинската слика односно да манипулира со јавноста, нагласи тој.
Со овој ребаланс практично кажуваме дека наш приоритет како Влада е земјоделецот на прво место, изјави Трипуновски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.