Претседателот на Комисијата за земјоделие на ВМРО-ДПМНЕ, Цветан Трипуновски, реагира на прес-конференцијата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Денес испровоциран од лицемерниот настап на Љупчо Николовски, во кој без срам и перде од петни жили се обидува да ја замајува јавноста и неговите погубни политики во земјоделството да ги прикаже како развојни. Затоа преку бројки и со факти сакам да го демантирам, а на јавноста да и ја презентирам реална состојба во македонскиот аграр.
Во 2014 год. учеството на вработени во сектор земјоделство бил 18,5% или 127.438 вработени.
Во 2020 год. учеството било со 12% или изразено во бројка со 95 545 вработени.
Замислете за период од 6 години падот е 6,5 % или речиси 32.000 вработени помалку, заради Вашата неспособност 32.0000 поранешни вработени во секторот сега се социјални случаеви или аргатуваат во странство ‼️
Затоа „успешно“ министерче, по други пуТ ако сакаш да направиш добро за македонскиот аграр и руралната жена треба уште денес да го напуштиш Министерството – пишува Трипуновски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.