Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска присуствуваше на отворање на Подрачна единица при МЗШВ во општина Јегуновце.
Изминатиов период министерот Трипуновски во изјава за медиуми најави дека ќе се отвораат подрачни единици и канцеларии во речиси секоја рурална општина за да се биде поблиску до земјоделците.
Од сега Министерството преку подрачните единици ќе биде сериозен сервис на самите земјоделци.
„Земјоделците од општина Јегуновце повеќе нема да се мачат и да патуваат до Тетово за да аплицираат или пак да проверат дали нивната апликација е во ред. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од сега ќе биде поблиску до земјоделците и ќе работи за нив“, истакна министерот Трипуновски.
„Наредната година Министерството ќе инвестира во техничкиот капацитет на секоја подрачна единица и канцеларија за да се зголеми функционалноста на истите“, најави тој.
Работиме за да Министерството биде поблиску до земјоделците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.