Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска е во работна посета на општините Тетово и Јегуновце каде што изврши увид на ситуацијата на терен после невремето коешто го зафати овој регион.
– Денеска сум на посета и на еден краток увид на ситуацијата на терен во општините Тетово и Јегуновце после невремето што го зафати овој регион во неделата вечерта. Преземени се сите законски активности во делот на формирање комисии, рокови за пријавување на штети коишто се случија во домовите и на земјоделските посеви и веќе комисиите ќе излезат на терен и да извршат проценка на штети. – изјави Трипуновски.
Според информациите во општина Јегуновце се очекуваат 100тина апликации за штети, додека за територијата на општина Тетово се уште не се знае точната бројка.
– Сакам да упатам еден апел, ние како Министерство, како Влада, во наредниот период ќе ги засилиме активностите и афирмацијата на мерките коишто ќе ги нудиме за заштита од природни непогоди што ќе се случуваат во иднина. Оваа штета која што сега е настаната значи помалку буџет на семејствата коишто егзистираат само од оваа гранка. Ова обештетување можеби ќе ги залечи раните меѓутоа ќе биде многу тежок момент, затоа ние ќе се обидеме и ќе дадеме се од себе во наредните години да заштитиме што е можно повеќе. – заврши Трипуновски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.