Денес се исплатени 252.234.467 денари за мерка 1.3 кон 4.328 земјоделци за остварено производство на пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репа и афион од програмата за 2023 година, и 14.743.587 денари за мерка 1.10 кон 293 земјоделци за предадено овошје на домашни преработувачи од програмата за 2023 година, соопшти министерот за земјоделство ЦветанТрипуновски.
Субвенциите веќе денес ќе им бидат на располагање на сметките на земјоделците.
Остварено уште едно ветување дека ќе го средиме хаосот со исплатите на субвенциите, само со чесна, одговорна и посветена работа ќе стигнеме до целта, а тоа е задоволни земјоделци!, дополни Трипуновски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.