Сообраќајните експерти ангажирани од страна на Јавното претпријатие за државни патишта во соработка со претставниците на МВР изминатите денови работеа на изнаоѓање решенија, се со цел за време на продолжениот викенд сообраќајот низ целата држава да се одвива нормално и без поголеми застои. Една од нај критичните точки е раскрсницата на регионалниот пат Кичево-Гостивар поточно семафорот на раскрсницата Гостивар село Здуње (на излез од Гостивар према Кичево), соопшти директорот на ЈПДП Коце Трајановски.
За таа цел сообраќајните експерти изработија нов сигнален план со што се овозможи поголем проток на возила од четврток до сабота на правецот Гостивар-Кичево, а во недела во спротивниот правец Кичево-Гостивар.
– МВР со физичкото присуство на сообраќајни полицајци на раскрсницата и пристапните краци овозможија значително зголемен проток на возила на ова тесно грло. Дополнително МВР го пренасочи сообраќајот од село Здуње и обратно да не го пресекува регионалниот пат,со што се дава голем приоритет на движење во двата правци на регионалниот пат Гостивар-Кичево, нотораше Трајановски.
– Со ова докажавме дека со заедничка соработка меѓу ЈПДП и МВР може да се реши овој проблем. Одделението за наплата на патарините работи со целосен капацитет, нема поголеми застои и чекања на наплатните станици. Посветено,чесно и одговорно! Македонија за тебе!, стои во објавата на Коце Трајановски на социјалните мрежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.