Првиот вицепремиер Артан Груби апсолутно поддржува укинување на недела неработен ден. Тој на настан организиран од Стопанска комора посветен на автопатите што треба да ги гради конзорциумот Бехтел и Енка рече дека со законското решение за недела неработен ден затајуваат процеси во државата.

Гледам дека е неопходно да се направат законски измени и затоа поддржувам, ќе се ангажирам да видиме со колегите во владата, не се сите со исто мнение, а не се со исто и сите пратеници, но во оваа група секако дека имате поддржувачи – рече Груби, кој на настанот беше придружуван од министрите за финансии, економија и за транспорт и врски.

Стопанска комора бара да се укине законското решение за недела неработен ден. Комората поднесе иницијатива пред Уставен суд против овој закон, но Уставен ја отфрли и одлуки недела да остане неработен ден.

Законот за недела неработен ден стапи на сила на 1 јануари 2022 година. Според него 92 отсто од работниците не требаше да работат во недела, а тие што работат во индустрии кои не може да бидат прекинати, добиваат повисоки дневници и дополнителен слободен ден.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.