Владата со розови наочари, цело време кажуваат дека се е во ред, дека сите блокови се на мрежа и не поминува цела недела да не испадне блок во РЕК Битола, РЕК Осломеј кога работи, кога не работи, дали 50 дена годишно работи. Сега се фалат за три дена. Три блока во РЕК Битола до 2017 година беше нормално да работат во грејна сезона, изјави за Детектор на Сител, Владо Талевски од Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој потенцираше дека Владата дека се справува лошо со кризата чувствуваат и граѓаните и стопанството.

– Како директен резултат на оваа криза се затворени над 5.000 компании. Уште еден податок дека сме во најголема криза, имаме најголема инфлација и тоа го кажуваат ММФ и Светска банка завршија со 19,8. Споредено со Балканот сме најлоши, истакна Талевски.

Талевски исто така посочи дека ЕСМ не произведуваше електрична енергија и 2021 е најкатастрофална година во производство на енергија за ЕСМ, а за да се намалат цените треба да се произведува електрична енергија.

– Во 2019, во нивното владеење, ЕСМ произвело 4250 гигават часови, во 2020 има пад 3642 гигават, во 2021, 3170 гигавати вкупно произвела ЕСМ со сите капацитети и хидро капацитетите. Овде се случи еколошка катастрофа на хидро електраните. РЕК Битола произведе неверојатно црни 1900 гигават часови. Во РЕК Битола има 3 турбини по 230 мегавати. РЕК просечно годишно работел со 200 мегавати на мрежа. Значи тоа е помалку од 100% на еден блок. Значи РЕК Битола работел со само 27% на мрежа од инсталираниот капацитет, нагласи Талевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.