Универзитетскиот професор Рубин Талевски кој учествуваше во креирањето на тарифните блокови за струја, вечерва информира дека првобитната идеја била со три блока, а потоа се разработило со четири и првите граници беа 210 киловатчасови за првиот, 420 киловатчасови за вториот и 630 киловатчасови за третиот блок.
-Имаше доста реакции од граѓаните и границите се зголемија, вториот блок изнесува 630, а третиот на 1050 киловатчасови. Сите оние што се грејат, особено на инвертори, ќе влезат некаде во третиот блок на почетокот и ќе плаќаат пониски цени. Идејата беше ранливите категории граѓани да ги поднесат полесно идните поскапувања на струјата. За оние што не користат ефикасни уреди за греење, да им се стимулираат порационално да ја користат потрошувачката и дел да ја префрлат во ноќните часови. Цената во првиот, вториот и третиот малку се менува. Ова е прв чекор. Релативните цени и коефициенти верувам ќе се менуваат почесто. Не треба граѓаните да се плашат, тие што ќе трошат во првите три блокови верувам утре ќе се знае повеќе за цените и нема да биде толку покачувањето, рече Талевски во емисијата „24 отворено“.
Според него, ако останат вака цените, оние што трошат во првите три блокови, ќе имаат до 12 проценти помала сметка за струја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.