Можно е поскапување и на евтината струја, објави „Телма“.

Какви точно ќе се знае утре, но според информациите можно е и цената за евтината тарифа која граѓаните најчесто ја користат да се зголеми. Исто така РКЕ наместо една просечна, утре ќе објави четири цени, за секој тарифен блок посебно.

Она што се знае е дека цените за потрошувачката на киловатите, во сите блокови ќе бидат зголемени. Но најголемо поскапување ќе има за последниот, четвртиот блок кое се очекува да биде и повеќе од 140 отсто. На овие граѓани електрична енергија ќе им се фактуира по цени, слични како на отворен пазар.

Регулаторна ги прави последните пресметки за новите цени на струјата кои треба да ги објави утре. Речиси сите енергетски компании прикажаа зголемени трошоци и побараа поскапување на својата услуга и тоа од 60 до 80 отсто.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.