Професорот и академик, Таки Фити, во емисијата „Топ тема“, зборуваше за светската инфлација во време на руската воена акција во Украина.

Од почетокот на војната рипна цената на барел. Еден барел содржи 158 литри нафта. Цената на енергенсите почна да расте пред руската агресија. Во октомври 2021, цената на природниот гас порасна за 450% во Европа, а во САД за трипати, а цената на јагленот порасна за петпати. Ја погоди и Кина, која е огромен потрошувач на јаглен – вели Фити.

Според него, големото покачување на цената на енергијата е поради брзото заздравување на светската економија во 2021 година.

Во екот на ковид-кризата, цените беа ниски, меѓутоа сега кога почна брз економски раст, сега е извесно дека растот ќе биде 5,5 на глобално ниво. Падот беше 3,1 %. Тоа е најголем раст во последните 80 години. Не сме доживеале вакво нешто. Расте побарувачката на цените затоа. Вториот фактор е преориентацијата од обновливи во необновливи извори – вели Фити.

Тој потенцира дека вкупната инфлација пораснала одеднаш.

Овие стапки на инфлација долги години не беа забележани. Сега борбата е како да се намали. Кога расте цената на нафтата, расте и се друго. Таа учествува како суровина во многу производи. Растат трошоците за живот и расте притисокот на работниците за поголеми плати. Сега се случи некаква реприза што порано беше случај со двата нафтени шокови во 1970-тите години од минатиот век – додава Фити.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.