Ние побаравме систем кој ќе функционира на подолги патеки, затоа што и денешното замрзнување на цените е со времен карактер до 31 мај, а потоа по она што се бројките секогаш кога имало ограничувања, откако ќе заврши таа мерка, цената се качувала неколкукратно, изјави патеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски за „Тема на денот“ во дневникот на Сител.
Тој потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ има предложено неколку антикризни мерки кои ги укажува и смете дека треба да се направи партнерство помеѓу оние кои се купувачи, односно граѓаните, помеѓу оние кои произведуваат и тие кои продаваат за да се направи нивелација на цените која ќе го издржи тестот на времето.
Конкретно предлагавме замрзнување на цените но за да нема празни рафтови да се ослободат стоковите резерви, да се реагира со акцизата да се намалат горивата, да се анулира транспортниот ефект, односно при транспортот да не се качува цената. Потоа активирање на уште дополнителни капацитети за производство на електрична енергија со цел да се нуди евтина, а вишоците да се продаваат кон домашен пазар, како и намалување на царинските тарифи и намалување на данокот на додадена вредност, изјави Стојаноски.
Тој истакна дека потребно е системско решение затоа што сега потрошувачката кошничка покажува дека не може да се заузда инфлацијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.