На седницата на Комисија за финансирање и буџет, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски истакна дека од кога ВМРО-ДПМНЕ е власт, јавниот долг во третиот квартал опаѓа на 56,9%.
-На отворени финансии, за кои што Вие пред малку излажавте дека за 10% е покачен долгот, знаете што кажува? Квартал три од кога ВМРО-ДПМНЕ ја преземала власта, на отворени финансии е 56,9%. Јавниот долг паѓа. Еве отворени финансии, истото тоа што Вие го исцитиравте’, потенцираше Стојаноски.
Пратеникот додаде дека буџетот не може да „пукне’’, поради тоа што има зголемување на даноците и приходите.
-Велите за плати и пензии. Плати 10 милијарди денари повеќе, нема институција во која што не се зголемуваат платите. Пензии, 15 милијарди повеќе. Пет илјади денари секој пензионер ќе добие повеќе средства. Кажувате како е возможно надуваниот буџет да не пукне. Многу просто. Приходите се зголемени за 16%, даноците за 12,3%, така ќе ги штедат граѓаните повеќе, појасни Стојаноски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.