Оваа власт комплетно го има изгубено компасот и доколку претходно беше загрижувачки начинот на кои се трошат народните пари, овој пат е загрижувачки начинот на кој што оваа влада со леснотија ги задолжува и презадолжува граѓаните на граница на рентабилност и на одржливост на долгот, вели Бојан Стојаноски, пратеник во македонското собрание од ВМРО-ДПМНЕ во денешното гостување во емисијата „Што не е јасно?“ на телевизија Алфа.

Стојаноски потенцираше дека пред само шест месеци со носење на Буџетот владата на СДСМ убедувала дека истиот ќе одговори на кризите во државата и дека нема средства за непродуктивни трошоци, за сега после шест месеци како што рече тој да прават ребаланс на буџетот и да го зголемуваат буџетскиот дефицит за 250 милиони евра, додавајќи дека власта не само што ги задолжува нашите деца, туку и ги задолжува и нашите внуци.

-Со овој ребаланс 250 милиони евра се зголемува дефицитот, ќе мора да се задолжиме за нови 700 милиони евра само за да го покриеме минусот во буџетот. Се очекува да се задолжиме 1 милијарда и 315 милиони евра оваа година, нешто што на почетокот на година не беше случај, односно ни велеа дека ова е буџет кој што треба да одговори на кризата и буџет во кој што нема непродуктивни трошоци, за да веднаш по шест месеци, министерот Бесими и Ковачевски кој тогаш беше заменик министер за финансии не убедуваа дека нема непродуктивни трошоци во тој буџет, за по шест месеци сами да се демантираат и тука е продолжение на таа пиши бриши политика, рече Стојаноски.

-Не само што ги задолжуваат нашите деца, туку ова е задолжување и на нашите внуци, смета тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.