Бојан Стојаноски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, го коментираше ограничувањето на маржите за производите и случувањата во маркетите. Тој во „Дејли Клик“ на ТВ21 кажа дека она што го прават маркетите е крајно безобразно.

„Случувањето во маркетите е безобразно. Кога ќе ги видите влезните фактури на царина, и кога ќе ги видите маржите и профитите во овие маркети е навистина нефер кон купувачите. Но, ние нема да останеме само во квалификации на безобразно. Ќе има ригорозни мерки, затоа што ова што се случува не е во ред“, рече Стојаноски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.