Заштитата на животниот стандард на социјалните категории, зачувувањето на ликвидноста на компаниите, мерките за зголемување на економската стабилност се некои од клучните мерки кои ги презема владата на среднорочен и долгорочен план, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски на Економскиот и финансиски форум.
Според овие приоритети, како што рече Ковачевски, направен е и ребалансот на буџетот за 2022, како потребна реакција во однос на новите геополитички случувања и нивните ефекти во домашната и глобална економија.
Министерот за финансии, Фатмир Бесими рече дека кризата од пандемијата и војната во Украина донеле многу краткорочни предизвици но фокусот треба да биде на оние долгорочните.
Нобеловецот по економија, американскиот професор Пол Кругман зборувајќи за состојбата по кризата предизвикана од пандемијата и војната во Украина, рече дека последиците се чувствуваат, но сега за сега не може да се каже дали земјите ќе бидат во рецесија но се истакнува дека сите ќе ја почувствуваат економската “болка“.
Макроекономските предизвици во време на немири, врските во регионот, предизвиците во време на криза што треба да се спроведат за да се зачува и мотивира порастот, беа некои од темите на кои се дискутираше на Економско-финансискиот форум во Скопје одржан на иницијатива на Министерството за финансии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.