Доколку Владата смета дека го започнала процесот за пристапни преговори со ЕУ, и укажуваме дека нејзините вработени и пред почетокот на процесот и по почетокот на процесот се еднакво сиромашни, примаат најниски плати во ЕУ и дека Владата не може да очекува дека вработените во управата кои треба да го сработат процесот, се мотивирани со просечна плата од 21.300 денари, а на 96 проценти од нив, платата да им е под просечната плата со која Владата толку се фали.
Ова се наведува во денешното сооштение од Сојуз на синдикатите на Македонија и се подвлекува дека од 22.06.2022 година повеќе од 138.000 работници се на генерален штрајк во јавниот сектор, кој до денеска 22.07.2022 година трае 30 дена и истиот прв пат и се случува на една Влада поради тоа што истата, стои во соопштението, не ги исполнува ветувањата и ги манипулира работниците во јавниот сектор, соопштија денеска од Сојуз на синдикатите на Македонија.
Во Македонија, генерален штрајк на цел сектор кој трае еден месец не се случил, а досега сите предходни Влади имале разбирање за потребите на работниците освен оваа Влада која смета дека работниците за кои таа е надлежна не заслужуваат зголемени плати во оваа пост ковид, енергетска и економска криза.
Трудот на работниците во ЕУ се цени, во Македонија не. Игноратскиот однос на Владата продолжува, но и Генералниот штрајк на работниците продолжува, порачуваат од ССМ.
Во услови кога минималната плата порасна за 18,6 проценти кога трошоците за живот ( инфлацијата ) изнесуваат високи 14,5 проценти според официјални податоци, а според неофицијалните податоци и над 20 проценти, кога синдикалната минимална кошничка за преживување на едно четиричлено семејно домакинство за една годината се зголемила за 5.498 денари или 16 проценти, потенцираат од ССМ, Владата смета дека не траба да ги усогласи платите на работниците во јавниот сектор за 2806 денари и со тоа на солидарен принцип да им испадне во пресрет на работниците барем малку да ги амортизираат зголемените трошоци кои ги осиромашуваат и ги оневозможуваат да го преживеат месецот.
Според ССМ, оваа Влада за прв пат во историјата со нејзиниот однос ги остава вработените во јавниот сектор сами да се снаоѓаат и да се справуваат со последиците од ценовните шокови, а сега одново им ветува дека доколку преживеат до нова година ќе им биде подобро од јануари.
Дискриминацијата која Владата ја прави кон своите вработенити е негативен пример и не е јасно по кои критериуми Владата цени вработени во одреден сектор повеќе од други, по кои критериуми утврдува дека за некои битни сектори без кои во пандемијата не можеше и беа најмногу изложени како здравство на кои не се предвидени ниту 5 проценти кои им беа ветувани дека ќе ги добијат од септември, полиција со 5 проценти, обрзование 15 проценти, а за останатите вработени во јавен сектор 0 проценти зголемување на плата, се подвлекува во соопштението.
Од ССМ ја потсетуваат Владата дека, како што стои во соопштението, со својот однос покажува дека не ги цени, ги дискриминира и не води грижа за своите вработени кои се огорчени од таквиот однос, додека претставниците на локалната власт (градоначалници и директори на јавни претпријатија) веќе ги зголемуваат платите за што работниците им се благодарни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.