Ваква е моменталната состојба на влезот на Скопје во населбата Автокоманда, по блокадата од Сојузот на синдикати на Македонија.

ССМ поставија шатори на самиот булевар, откако нивните барања не беа исполнети за покачување на платите и усогласување за 2806 денари.

„Сојузот на синдикатите на Македонија смета дека сите работодавачи треба да ги следат примерите од локално ниво каде што штрајкот е со успех и работниците го добиваат заслуженото и одработеното усогласување на платите за 2806 денари што е едно од главните барања и главна причина за штрајкот“, велат од ССМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.