Социјалистичката партија на Македонија не е изненадена од паушалните најави на приучениот министер за економија Бектеши кој без официјални статистички податоци нереално ги прогнозира економските движења, велат во писменото соопштение од СПМ.
Според несериозните желби на неодговорниот Бектеши инфлацијата за октомври би била под 2%, а вкупната инфлација во државата ќе биде преполовена, иако Светска банка предвидува годишна инфлација од 9,1%. Како секој приучен така и тој не нуди аргументи за таквите чудни прогнози. Според него заслужни за економијата се мерките на владата, изјава која поприма комична димензија.
Во реалноста растот на цените е над 50% и доволна е едноставна споредба на инфлационите движења кои не се запрени. Државата е во криза и економската состојба не е воопшто добра, а растот на БДП е под потребно ниво.
Граѓаните жестоко реагираат на инфлацијата која сериозно ги осиромаши над 70% од популацијата од сите категории. Отсуството на индексација односно низок раст на платите, пензиите и социјалните надоместоци, најмногу ги погоди најсиромашните слоеви, пензионерите, земјоделците и студентите кои со право протестираат.
Неспособноста на владата на Ковачевски и неговите економски министри е толку очигледна и со мерките што ги превзема се насочува кон продлабочувње на економската криза и на подредување на државата кон соседите. Ова за власта е небитно затоа што нејзиниот единствен интерес е проддолжување на крадењето народни пари.
Социјалистичката партија на Македонија инсистира оваа влада што поскоро да си оди што е желба на мнозинството граѓани во државата и да запре агонијата на економско тонење и осиромашување на граѓаните и стопанството со непредвиливите и променливи мерки на власта, стои во соопштението од СПМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.