Со СДС и ДУИ Македонија има инфлација за 50% поголема од таа во еврозоната, пад на реалната плата и потрошувачка кошничка од 1.000 евра, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
Во текот на 2022 година има пад реалната плата за 5%, платите со години се обезвреднети, на хартија растат, а во реалноста куповната моќ на народот е се послаба. Потрошувачката кошничка е речиси 1.000 евра, за да се наполни потребни се 3 минимални плати. Економијата никогаш не била во толку лоша ситуација како денес со СДС и ДУИ. Додека во Македонија растот на БДП по глава на жител од 2017 до 2023 година изнесува само 20%, земјите од регионот како Србија, Албанија, БиХ, Црна Гора и Косово имаат и над 50% раст. Македонија заостанува зад сите земји во регионот. 7 години власт на СДС и ДУИ, 7 промашени години за економијата. Народот со право вели дека немаме држава, време е да ја вратиме, велат од партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.