Повикот на јавноста за контрола врз цените како одговор на високата инфлација по пандемијата со Ковид 19 им даде одврзани раце на политичарите за нови експерименти. Верувам дека искуствата им се познати на читателите. Мерките за контрола врз цените се напуштаа по неколку месеци од нивното воведување, пишува Трајко Славески во последната колумна на „Плусинфо“ за историјата на ценовните контроли, нивниот ефект и инфлацијата.

И покрај долгата историја на неуспех при примената на ценовни контроли, ентузијазмот за интервенција на пазарот и во услови кога за такво нешто нема потреба, не спласнува. Историските лекции остануваат ненаучени. Контролата врз цените и платите е насочена кон симптомите, а не кон фундаменталните причини кои доведуваат до висока инфлација. Напротив, резултатот се недостаток од производите со контролирани цени, црн пазар, неправилна алокација на ресурсите и кршење на законите и другите прописи.

До раст на цените на одделни производи доаѓа како резултат на елементарни непогоди, или како резултат на човечка активност, како војни, протекционизам и сл. На ова се надоврзува неодговорна фискална политика која изгубила контрола врз јавните расходи. Ако монетарната политика е акомодативна, т.е. лабава во такви услови, неминовна е инфлација која не можат да ја спречат никакви ценовни контроли.

Уште повеќе, доколку од популистички побуди власта истовремено форсира раст на платите, рецептот за катастрофа е на маса!

Целата колумна тука



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.