Стабилноста на економијата во државата веќе и сега е нарушена, вие самите чувствувате како мала компанија ударите, а што да кажеме за претпријатија и компании кои што произведуваат и имаат потреба од значително количество на користење на електрична енергија како што се „ФЕНИ“, „Еуроникел – Кавадарци“ и некои други компании, тука се и рудниците кои веќе се затвораат -истакна Трајко Славески, претседател на Советот на Град Скопје во гостување во утринска емисија на Радио Лидер.
Славески додаде дека инфлацијата е кога се има општо зголемување на цените, значи сите цени одат нагоре.
Сакам да упатам една критика на Народна Банка на Република Македонија која што пред неколку дена нели имаше Совет на Народна Банка меѓудругото донесе и одлука за зголемување на каматната стапка за половина процентен поен, од 2.5% на 3%. И медиумите известија дека наводно инфлацијата од почетокот на годината досега изнесува 12%, а ние знаеме дека инфлацијата е над 16% во Република Македонија. Значи тие земаат просек од јануари заклучно со август месец, а инфлацијата се мери во однос на истиот период односно во однос со август месец минатата година. И инфлацијата во Македонија е веќе над 16-17% – појасни тој.
Славески истакна дека целата инфлација во Македонија не е увезена. Во Македонија инфлацијата започна да расте од поодамна заради владините политики.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.