Беше рана пролет 2000 година. Седница на Влада на Република Македонија со која раководеше тогашниот премиер, г-дин Љубчо Георгиевски. Јас млад министер за развој, со само неколку месеци стаж во владата. Една од точките на дневен ред – разгледување на барањето на грчки инвеститор за либерализација на цената на лебот во процесот на продажба на скопски „Жито лукс“. Дискусијата траеше повеќе од два часа,вели Трајко Славески во колумна за „Плусинфо“.

Немам информација за текот на дискусијата на седницата на македонската влада, одржана во последниот ден од февруари, на која се донела одлука, по цели 23 години, за повторно замрзнување на цената на лебот. Можам да претпоставам дека одлуката била донесена едногласно и без многу дискусии. Пресметките биле направени, членовите на владата подготвени и останало единствено да се реализира заканата кон пекарите дека со оваа влада „нема играње“. По седницата, премиерот отсечно изјави дека немало да дозволи зголемување на цената на лебот.

Целата колумна на „Плусинфо“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.