Ние сме жртва на нефункционирањето и себичноста во рамките на Европа и европска политичка заедница. Се надеваме дека ќе има некаква компензација во перидот што следи за штетите што ги трпат помалите земји, меѓу кои е и Македонија, вели поранешниот министер и актуелен претседавач со Советот на град Скопје, Трајко Славески.

Според него, нема никој во земјата што може да каже дека сме целосно обезбедни и можеме да се опуштиме.

Ние знаеме дека зависиме од рускиот гас. Не знаеме какви ќе бидат понудите. Набавката на јаглен – знаеме дека сме дефицитарни. И да има од каде да се купи, прашање е по која цена и како ќе се донесе. Не можеме да бидеме спокојни дека сме обезбедени. Можеби Владата знае нешто што ние не знаеме, рече Славески во емисијата „24 отворено“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.