Има едно размислување дека каматната стапка доколку сакате да го скршите ‘рбетот на инфлацијата, да се борите против инфлацијата, треба да биде најмалку за еден процентен поен повисока од она што се нарекува базична инфлација, а базична инфлација се добивка кога во пресметка на индексот вкупен за стапката на инфлација се изостават овие берзански сцени на храната и енергијата на кои не можете да делувате, објаснува во интервју за „Радио слободна Европа“ економскиот експерт, професор Трајко Славески, кој е и претседател на Совет на Град Скопје.
Според некои меѓународни проценки, од 17 проценти кај нас околу 13 проценти е базичната инфлација што значи тоа е резултат или се должи на домашни фактори. Значи не е на увезени фактори како што не убедуваа Владата, Централната банка и некои провладини експерти итн. Оттука мислам дека оваа состојба на релативно ниски каматни стапки значи дека, иако сега се зборува за воведување на нови даноци и зголемување на даночни стапки, што најверојатно нема да се случи од 1 јануари наредната година, штедачите плаќаат еден висок инфлациски данок. Еве пример, ако имате заштедено 1000 денари, за една година губите 15 проценти од вредноста, тие 1000 денари после година дена ви вредат 850 денари, објаснува тој.
Скавески потенцира дека со ваква монетарна политика којашто сериозно доцни, на некој начин се доаѓа во состојба на апресијација на вредноста на девизниот курс.
Што сакам да кажам? Она што ние од 1997 година сè до неодамна успеавме да го одржуваме фиксниот девизен курс на денарот, нема тука мистерија се должеше на фактот што инфлацијата во Република Македонија беше скоро еднаква или во рамките на инфлација во земјите од еврозоната, нешто под два проценти. Сега имаме двојно повисока стапка на инфлација одошто од земјите од еврозоната. Па видете сега, млечните производи по килограм, месните преработки, достигнаа цени изразени во евра коишто се повисоки од тие на европските пазари, тоа треба длабоко да ја загрижи Централната банка и треба поголемо внимание да посвети во борбата против инфлацијата. Значи девизниот курс апресира, нашите стоки стануваат поскапи за странските заинтересирани купувачи, и тоа неминовно ќе влијае на проширување на јазот во платниот биланс, значи дефицит на платниот биланс, поголеми задолжувања, губење на девизни резерви итн. Моја проценка е, да имаше друг гувернер, еве да беше гувернер господинот Гошев, во моментов ќе имавме каматни стапки над 10 проценти од Централната банка, затоа што во една претходна криза во 2008-2009 година, во март 2009 каматната стапка на Централната банка достигна девет проценти, вели Славески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.