Штипското комунално претпријатие „Исар“ ги прави пресметките дали од 1 јануари домаќинствата и фирмите ќе добиваат повисоки сметки за вода за пиење.

Директорот на ЈП „Исар“-Штип, Трајче Здравков вели дека наредната недела ќе се знае дали по Новогодишните празници ќе има зголемена цена. Проекциите се прават според рамката, односно дадениот план од 2021 до 2023 година од Регулаторна комисија, а во која се дадени минимална и максимална цена. Но, смее да биде повисока од 36,25 денари за метар кубен.

До крајот на годината со донесување на финансискиот план и Програмата на претпријатието ќе се дефинира и цената согласно методологијата на Државната регулаторна комисија, вели Здравков.

Штипски „Исар“ од 1 декември е на регулираниот пазар за електрична енергија и се очекува декемвриската сметка да биде пониска, за разлика од останатите. Разликата ќе се искористи за враќање на долговите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.