Речиси 5.000 работодавачи немаа исплатено плата на работниците за август, а ист број на работодавачи воопшто немаат поднесено пресметки за да исплатат плата на повеќе од 10.000 работници, соопшти денеска директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска на 6.Текстилијада во Штип.
Повторно се бориме со истите појави. Мислам дека со успешен контролен механизам ќе можеме да ги надминуваме овие појави, изјави Лукаревска.
Забележа дека овие бројки се слични секој месец, но, како што рече, мора државата и институциите да се борат, бидејќи исплатата на плата е човечко право.
Прашана како е можно преку системот на УЈП да поминуваат плати помали од минималецот, Лукаревска со одговор дека тоа е неславно законско решение.
Тоа е неславно законско решение за кое повеќе пати имаме поднесено иницијатива за да не се случуваат вакви неправилности. Луѓето на повисоко ниво би требало малку да го разгледаат и да го пуштиме во собраниска процедура, за да нема исплаќање на плати со еден, пет денари и да се прават континуирани корекции, посочи Лукаревска.
Истакна дека македонските фирми се даночно дисциплинирани и си ги плаќаат даноците кон државата. Последните податоци, посочи, покажуваат дека наплатата на даноците е над планот на УЈП.
Но една страна имаме доста високи цени, кои го зголемуваат процентот на успешна наплата на ДДВ и во постојан контакт сме со компаниите и секако дека тие имаат соодветни проблеми. Меѓутоа 90 до 95 отсто од компаниите навремено ги сервисираат даноците, рече Лукаревска.
На денешната „Текстилијада“ во Штип посочи дека реагираат на претставките на работниците и на „Гласен Текстилец“ и веднаш излегуваат на терен со Државниот трудов инспекторат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.