Од ноќеска на полноќ бензинот еуросупер 95 поскапува за два денари, а неговата нова цена ќе изнесува 92,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Цените на другите горива, пак, денеска нема да се менуваат.
Па така, еуросупер 98 и натаму ќе се продава за 94,5 денари за литар, а литар еуродизел (Д-Е V) ќе чини 99 денари.
Исти остануваат и цените на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) кое ќе се продава за 93 денари за литар, а мазутот М-1 НС ќе чини 50,067 денари за килограм.
Со денешната одлука, Регулаторната комисија соопшти дека се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,44 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.