Од следното лето Визер веќе нема да лета од Љубљана до Лондон Лутон, со што авиокомпанијата останува само на летови за Скопје (три пати неделно).

Визер ги откажува летовите од Ниш до Дортмунд, Виена и Малме, што е вкупно седум летови неделно. Компанијата останува на само две линии од Ниш (Базел и Меминген). Истото значи дека Ниш наместо 13 ќе има само седум неделни летови, шест помалку од лани.

И во Бања Лука компанијата укинува две линии и ќе остане само на две линии, а ќе има пет лета помалку од лани, пренесува регионалниот авио-портал ЗамаАеро.

Визер дополнително ги намалува и летовите од Тузла. Минатото лето имаше 48 лета на 16 линии, зимава девет лета на три линии, но летово има еден лет помалку од оваа зима, односно ќе има осум неделни летови на 3 линии, имајќи предвид дека Базел се намалува од три на два лета неделно.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.