Во изминатите неколку години СДСМ успеа значително да ги покачи платите, со што покажа грижа и дека го вреднува трудот на работниците, велат од партијата.

Платите растат со СДСМ покрај сите предизвици со глобалните, светски економските последици од ковид пандемијата, со енергетската криза а сега и кризата со воената агресија врз Украина.

Тоа е резултат на вистински социјалдемократски политики кои парите ги враќаат назад кај граѓаните.

Просечната плата успеавме да ја покачиме до 30.000 денари, односно за само 5 години е поголема за речиси 9.000 денари, за разлика од времето на ВМРО-ДПМНЕ, кога беше едвај 21.000 денари.

Дека знаеме да го цениме и вреднуваме трудот на работниците потврда е и последната одлука за ново зголемување на минималната плата на 18.000 денари. Тоа е двојно зголемување, за 100% за разлика од времето на ВМРО-ДПМНЕ.

Сите го паметиме тоа време на споменичко лудило, кога платите беа замрзнати, а работниците беа третирани како евтина работна сила.

Со СДСМ платите растат побрзо, издржано, преку системски решнија и тоа во сите сектори.

Во основно и средно образование СДСМ ги зголеми платите за +21%.

Основната плата на лекарот специјалист ја зголемивме за 40%, на медицинските сестри помеѓу 20% и 23%. На општите лекари СДСМ ги зголеми платите за 25%, а на здравствени соработници за 15%.

На вработените во културните установи, платите си политиките на СДСМ платите се зголемија во различни сектори од 3.000 и до 9.000 денари. Некои се двојно поголеми, за 100% повисоки, од времето на ВМРО-ДПМНЕ.

Вработените во шумска полиција сега имаат за + 30% поголеми плати.

Од 2016 година платата на вработените во градинките се зголеми за повеќе од 16% што во просек значи покачување од 4.300 за негувателки до 5.700 денари за воспитувачките.

Инспекторатите во 2020 и 2021 година добија вкупно покачувања од +30%.

Зголемени се платите и во полицијата, следува и нови покачување од 5%, редовно се исплаќаат бонус плати и прекувремени часови.

Во време на најголема економска и енергетска криза СДСМ ја зголеми минималната плата за да го заштити животниот стандард. Со оваа мерка се опфатени 80.000 работници кои досега земале минимална плата и уште 70.000 работници кои земале плата меѓу 15 и 18 илјади денари.

Платите ќе растат и понатаму, треба и мора да растат, но преку издржани решенија, и системска методолошка рамка – се наведува во соопштение на СДСМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.