Успешните енергетски политики на Владата предводена од СДСМ даваат резултати, велат од владејачката партија. Во утринското соопштение до јавноста СДСМ потсетува дека и во време на светска енергетска криза, домашниот енергетски сектор работи со полн капацитет, а производството на електрична енергија е на рекордно ниво.

АД ЕСМ, деновиве произведе најголемо дневно производство електрична енергија во последните 10 години. Истата компанија на почетокот на оваа година произведе 40 отсто повеќе електрична енергија споредено со истиот период лани, а дури 86 отсто повеќе од истиот период во 2021 година. Енергетскиот систем ги задоволува сите потреби за електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи, а истовремено цената на струјата е стабилна. Со ова паднаа во вода апокалиптичните сценарија на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да има доволно струја, дека ќе има рестрикции, дека цената на струјата драматично ќе скокне. Покрај постоечкиот се инвестира и во нови извори на електрична енергија. За само една година, во државава има изградени нови електроцентрали со над 152 мегавати инсталиран капацитет за производство на струја од обновливи извори. Дополнително се обезбедени 80 милиони евра, европска помош, како поддршка за ублажување на енергетската криза. Како резултат на взаемната соработка се очекува забрзана енергетска транзиција кон одржлива климатски неутрална економија и енергетска сигурност. СДСМ како одговорна партија продолжува со инвестиции во енергетиката, гради ефикасен и одржлив енергетски сектор и ја намалува зависноста од увоз, велст од СДСМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.