Eкономските политики на СДСМ ги даваат очекуваните и конкретни резултати, инфлацијата се намалува, економијата бележи поголем раст. Инфлацијата се намалува во континуитет и со месеци, со тенденција до крајот на годината да се спушти под 5 отсто“, велат од СДСМ.
„Со мерките преземени од Владата предводена од СДСМ, стапката на инфлација во септември падна на 20-месечен минимум од 6,6 отсто, а наредната година треба да се врати на стапките од 2-3 проценти, како пред кризата.
Успешноста на економските мерки и политики на СДСМ е потврдена и од Меѓународниот монетарен фонд, кој ги подобри проекциите за македонската економија.
ММФ предвидува економски раст од 2,5 проценти за оваа година и 3,2 проценти за наредната 2024 година.
СДСМ, како одговорна партија продолжува со грижа за сите граѓани, продолжува да презема конкретни мерки и чекори што значат економски раст од една страна и заштита и унапредување на животниот стандард од друга“, соопшти СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.