СДС лажеше дека ќе направи 550 километри автопат и 1100 километри регионални патишта, за сега да се фали со 70 милиони за локални патишта, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
-5 ипол години како СДС е власт нема нова инфраструктурна инвестиција. Автопатот Кичево – Охрид не е мрднат од мртва точка, состојбата е иста како што беше во време на ВМРО-ДПМНЕ. Буквално нема поместување. Со години го ветуваат автопатот Скопје – Блаце, а заглавија уште на првите неколку метри. Експресните патишта кои ги почна ВМРО-ДПМНЕ од Штип до Кочани и Штип до Радовиш уште се во фаза на изградба, а за патот кон Прилеп воопшто не се ни зборува. СДС е тотален дебакл на инфраструктурно поле. Се е застанато 5 ипол години, велат од партијата.
Од таму додаваат дека се трошат и до 4 милијарди евра од буџети, а никој не знае на што. Нема ништо видливо, нема ниту еден проект.
-Колку подолго СДС е на власт, толку подолга ќе биде агонијата за Македонија. Затоа потребни се предвремени парламентарни избори, за смена на СДС и влада на ВМРО-ДПМНЕ која ќе ја води Македонија напред, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.