Помина скоро една цела година по фрлената лопата на ДУИ и СДС, за божемна инвестиција за фабрика за производство на електрични автомобили.

Ковачевски и неговиот стопан Ахмети, треба да одговорат, каде е ветената фабрика за спас на Тетово, каде се ветените 890 работници и каде се ветените еколошки автомобили?, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

Дали и колку ја чини Македонија овој скап пи ар, ако учеството во инвестицијата, државната помош била договорена на 45 милиони евра?

Дали државата исплатила дел од 45 милиони евра кон фирмата блиска до ДУИ? Дали и ова ќе заврши само како метод за испумпување на пари, а инвестициите воопшто да ги снема?

Криминалната коалиција на ДУИ и СДС, е одамна прочитана од страна на граѓаните, кои едвај чекаат на следните избори да го кажат својот збор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.