Најголемата светска биотехнолошка компанија „Рош“ испраќа донација за Турција и Сирија со вкупна вредност од 1,5 милиони швајцарски франци која вклучува лекови, други производи и финансиска поддршка. Меѓу другото, донацијата содржи и 120 000 пакувања од антибиотикот „роцефин“, кој се користи за лекување многу видови бактериски инфекции и еден од есенцијалните лекови според Светската здравствена организација. Покрај тоа, компанијата планира да донира и неопходни материјали за пациентите со дијабетес.

Рош изразува длабоко сочувство за лицата погодени од разорниот земјотрес во Турција и Сирија што се случи на 6 февруари 2023 година и посветено работи на поддршка на народот на Турција и Сирија со медицински производи во согласност со целокупната мисија на Рош. Нашите мисли се со лицата погодени од оваа трагедија и нивните семејства. Имаме информација дека сите наши вработени се безбедни. За вработени во Рош кои ги загубија своите домови, Рош ќе обезбеди привремено сместување и активно ќе ги поддржува.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.