Сто дена Влада – посветени на поддршка на бизнисите и домаќинствата, на заштитата на животниот стандард на граѓаните, вели Марјан Ристески, заменик министер за економија.

✅ Спроведовме серија на мерки „Помалку трошоци – повеќе за тебе“ со кои ги ограничивме маржите на трговија на големо и трговија за👇
👉 Маржите за училишниот прибор, со што се намалија цените за 25 до 30 %, а секое семејство со еден ученик заштеди од 1.500 до 2.000 денари
🛒Со акцијата „есенска потрошувачка кошничка“ ги ограничивме маржите на 10% во трговијата на големо и мало на 73 основни прехранбени производи, каде бележиме пад на цените во просек за 5 до 10 % , како и заштеда од 650 до 1.500 денари во просек за четиричлено семејство
✅Започна имплементацијата на Законот за нефер трговски практики, каде преку регулирање на односот на производителите и добавувачите со трговците, се очекува дополнителен пад на цените на 2.546 прехранбени и земјоделски производи 🍎 🥗.
✅ Доделивме 1777 ваучери за туризам во вредност од 32 милиони денари за работниците со ниски приходи за летување во некои од нашите туристички центри
✅ Обезбедена финансиска поддршка за локалните компании во износ од над 120 милиони денари
✅ Поддршка за конкурентноста на преработувачката индустрија и општествената одговорност во висина од 32 милиони денари
✅ За развој на претприемништвото и конкурентноста на мали и средни претпријатија за 2024 година обезбедени 80.000.000 денари
Не запираме, продолжуваме 100% #Посветени за тебе!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.