Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) се подготвува да и ја одземе лиценцата за производство на топлинска енергија на Балкан Енерџи Груп (БЕГ). Оваа компанија има лиценца за снабдување на топлинска енергија до крајот на 2022, а за производство и дистрибуција уште 25 години, односно до 2047 година. Во РКЕ сметаат дека компанијата повеќе не ги исполнува условите под кои ја добила лиценцата за производство, дознава Дојче веле.
Од БЕГ за ДВ изјавија дека немаат информација оти се подготвува одземање на лиценцата.
Прашање е што ќе се случува понатаму и кој ќе го преземе производството на топлинската енергија за граѓаните на главниот град. БЕГ има три лиценци: за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија. Според најавите, ќе се отвори постапка за одземање на првата, а другите две ќе останат.
Од РКЕ не сакаат официјално да ги коментираат овие информации, но извори на ДВ велат дека правниот основ за одземањето на лиценцата е во неможноста на БЕГ да докаже дека има право на закуп над имотот на поранешна Топлификација. Имено, во декември 2021 година, Основниот суд во Скопје пресудил во корист на Одборот на доверители на стечајниот должник Топлификација, со што е поништен договорот за закуп меѓу двата субјекти. Подоцна, во март годинава, пресудата била потврдена и на Апелација. Претходно, во септември 2021 година, компанијата Адора Инженеринг ги купи топланите Исток и Запад и преостанатиот имот на Топлификација за 9,3 милиони евра. Токму Адора барала од РКЕ да и се одземе лиценцата на БЕГ, затоа што оваа фирма сега е сопственик на имотот.
Целиот текст ТУКА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.