Недоволното количество ветер викендов ги зголеми трошоците за енергија низ Европа.

Цените на струјата во Германија достигнаа највисоко ниво во последните седум месеци.

На пазарот „ден однапред“ (каде се плаќа струја за испорака во понеделник), цената на мегаватчас (MWh) струја во Германија надмина 150 евра, сума невидена од средината на февруари.

Се очекува цената на струјата вечерва да достигне максимални 524 евра за MWh, пишува Brussels Times.

Струјата е скапа и во Холандија – повеќе од 148 евра за MWh.

Експертите ја припишуваат оваа појава на недостатокот на производство на енергија од ветер по неколкудневното топло и мирно време.

Покрај тоа, Белгија во моментов се соочува со намалено производство на нуклеарна енергија, додава Brussels Times.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.