Нафтената компанија „Пуцко Петрол“ деновиве ја зголеми сопственоста во рафинеријата „ОКТА АД Скопје“ со стекнување на дополнителни 1.565 акции. Според официјалното соопштение од ОКТА АД Скопје, „Пуцко Петрол ДООЕЛ Скопје“ ги известила за зголемувањето и сега поседува вкупно 93.530 акции. Ова претставува приближно 11,05% од вкупниот број на акции.
Зголемувањето на сопственоста се усогласува со член 38 од Правилата за котација на Македонската берза АД Скопје.
„Пуцко Петрол“ е компанија на Исмаил Јахоски, пратеник на владејачката партија ДУИ, кој претходно 24 години ја извршуваше функцијата градоначалник на Општина Пласница.
Станува збор за компанија позната по многубројните државни и општински тендери. Пример, таа е една првите три компании за 2022 година, со успешно склучени 413 договори за јавни набавки во државните институции во вредност од околу 50 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.