Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска се сретна со Крис Бартон, Комесар за трговија на Неговото Величество Кралот Чарлс Трети и претставници на амбасадата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

На средбата од двете страни беше заеднички оценето дека одличните политички односи помеѓу Обединетото Кралство и Македонија претставуваат цврста основа за понатамошно продлабочување на економската соработка помеѓу двете земји, како и за градење на нови деловни релации помеѓу бизнис заедниците помеѓу двете земји.

Вицепремиерот Битиќи го информираше Комесарот Бартон за економските приоритети на Влада, притоа истакнувајќи дека истите може да бидат искористени за создавање на нови можности за понатамошно унапредување и развој на традиционално добрата економска соработка помеѓу двете земји.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.