Во насока на зајакнување на интегритетот на институциите и зголемување на нивната транспарентноста, радува фактот што Државниот завод за ревизија во Годинашната програма за работа на ДЗР за 2022 година по 13 години е планирана ревизија на регуларност на финансиските извештаи на Владата, соопшти денеска Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).
Борбата против корупцијата и судирот на интересите е можна само преку заедничка соработка на сите институции. Од друга страна ревизијата на работењето на сите институции само ќе ја зголеми нивната транспарентност и интегритет во општеството, стои во соопштението.
Комисијата за спречување на корупција и судир на интереси, како што се наведува, ќе ја интензивира и понатаму соработката со сите релевантни институции, бидејќи само со заеднички залагања можеме да очекуваме поголеми резултати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.