„Не за рудници“ порачаа стотици еко-активисти и граѓани со свричиња и транспаренти на протестот против одлуката на владата да ги спои концесиите и да дозволи во Иловица да се отвори рудник.

Немојте да мислите дека ќе се отвори рудник, зашто тоа ќе доведе до отворени насилни судири и дестабилизација на државата. Такво нешто никогаш нема да има, рече еден од демонстрантите.

Активистите го нарекоа спојувањето на концесиитее „криминален заговор против сите граѓани на Македонија“. Побараа да биде одземена концесијата и да нема рудник. Критики упатија и кон политичките партии.

Велат дека не е време за апатија и рамнодушност и најавија дека борбата против рудникот ќе се води на сите можни нивоа, од општинските совети до централната власт.

Од Еуромакс ресорсис велат:

Со денешниот протест се врши груб притисок врз надлежните државни институции за да се принудат наместо да одлучуваат согласно позитивните законски прописи, да ја стават најголемата инвестиција од независноста во дневно политичка агенда. Потенцијалната штета од ваквиот неодговорен пристап би била меѓународна арбитража со најмалку 1 милијарда евра наплатени од македонскиот државен буџет, односно од џебот на граѓаните. Во рударскиот комплекс Иловица – Штука ќе се применуваат најбезбедни и најсовремени методи за експлоатација на минерални суровини. Нема никаква основа за било каква грижа дека здравјето на граѓаните и животната средина се под некаква закана.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.