Просечната нето плата во септември достигна 41.585 денари, објави Државниот завод за статистика. Согласно најновите податоци забележан е раст во однос на септември 2023 година од 9,8 проценти.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 12,6 отсто, Преработувачка индустрија за 11,7 проценти и Уметност, забава и рекреација со 11,4 отсто – соопштуваат од ДЗС.
Податоците покажуваат дека зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен за 5,8 проценти, Административни и помошни услужни дејности 5 отсто и Преработувачка индустрија 2,8 проценти.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2024 година, изнесувала 41.097 денари.
Што се однесува пак до бруто-плата по вработен, во септември 2024 година таа достигнала изнесува 62.573 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.