Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен за јануари 2024 година изнесува 39.542 денари, а просечната бруто-плата за истиот месец е 59.392 денари, објави Државниот завод за статистика.

Според податоците на ДЗС, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари 2024 година, во однос на јануари 2023 година, изнесува 116.5. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (27,8%), снабдување со вода; отстранување отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (19,2%) и земјоделство, шумарство и рибарство (19,1%).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: градежништво (10,9%), преработувачка индустрија (4,9%) и трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3,8%).

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.